За да постигнете соодветен ефект од употребата на UNItears, Ве молиме следете ги овие едноставни чекори:

  • Измијте ги рацете со вода и сапун, а потоа добро исушете ги. (сликa 1)
  • UNItears може да се користи при носење контактни леќи.
  • Oдвртете го капакот на шишенцето. Држете го шишенцето надолу меѓу палецот и останатите прсти. Пред првата примена се препорачува испуштање на првата капка надвор од окото со лесно притискање на шишенцето, затоа што при силно и неправилно притискање на шишенцето може да се исфрли поголемо количество од растворот.
  • Нежно повлечете го долниот капак со показалецот. (сликa 2)
  • Навалете ја главата наназад. Врвот на капалката ставете го во близина на окото, но така да не го допира окото ниту пак соседните делови на окото. (сликa 3)
  • Нежно притиснете го шишенцето така да само 1 капка Ви влезе во око. Потоа отпуштете го долниот капак и полека затворете го окото за да може UNItears рамномерно да се распореди по површината на окото.
  • За следната капка, отпуштете го шишенцето така да воздухот се врати во првобитна состојба, а потоа продолжете со нанесување во окото како што е препорачано.
  • Имајте предвид дека помеѓу притискањето и излегувањето на капките може да дојде до доцнење од неколку секунди.
  • Неколку секунди држете го окото затворено, така да капките рамномерно се рашират по површината на окото. (Сликa 4) Доколку е неопходно, повторете ја постапката за другото окo.
  • По употребата, шишенцето треба да се протресе во правец надолу, без допирање на врвот на капалката, за да се отстрани течноста од врвот. Тоа е неопходно за да се обезбеди стерилност на капките за очи и за полесна испорака на следната капка во следната апликација.
  • Веднаш по нанесувањето добро затворете го капакот од шишенцето и шишенцето чувајте го во препорачани услови (температура дo 25°C).